Ќе има бесплатни и навремено доставени учебници, ама од следната училишна година
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, истакна дека од 1-ви септември ќе има бесплатни учебници и тие навреме ќе бидат доставени до учениците.
На прашањето дали учениците навреме ќе добијат учебници, Шаќири рече:
„Од 1 септември ќе имаме бесплатни учебници, се работи на законското решение, со кое сите технички проблеми и сите законски ограничувања ќе бидат решени““.
На новинарско прашање дали тоа значи дека учебниците ќе бидат бесплатни, министерот за образование одговори дека од 1 септември има одобрено учебници.
„Од 1 септември имаме одобрено учебници, немаме забелешки во тоа дека немаме учебници за печатење, ќе почнеме постапка и за дигитална форма на учебници. Од 1 септември оваа година сите учебници ќе бидат доставени до сите ученици и тоа ќе треба да се случува и со новата концепција“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа