Кинескиот виролог: Коронавирусот настанал во лабараторија во Вухан и овој извештај го докажува тоа (ВИДЕО)

Кинескиот виролог, Ли Менг Јан која побегна од својата татковина откако јавно изјави дека Пекинг го прикрил фактот дека вирусот корона се шири меѓу луѓето, сега тврди дека ќе презентира докази дека вирусот е создаден од човек.

Угледната докторка Ли Менг Јан, специјализирана за вирусологија и имунологија на школата за јавно здравје во Хонг Конг, тврди дека Пекинг бил добро запознат со вирусот корона уште пред да се појават извештаите за првите случаи на инфекција. Под закани беше принудена да побегне од Хонг Конг во Америка, а вчера се огласи од тајна локација и презентираше нови информации. Ли Менг вели дека извештаите дека вирусот корона потекнува од пазарот во Вухан се „димна завеса“ и дека планира да објави извештај кој, како што тврди, докажува дека вирусот е создаден од човек.

-Овој вирус не е од природата. Потекнува од лабораторија во Вухан. Редоследот на геномот е како отпечаток од човек, и врз основа на тоа, можете да ги идентификувате овие работи. Ќе ги искористам овие докази за да им докажам на луѓето зошто ова дојде од лабораторија во Кина, зошто тие се тие што го сторија тоа, рече докторката.

Таа додава дека сите, дури и ако немаат познавање на биологија, ќе можат да го читаат, проверуваат, идентификуваат и потврдуваат нејзиниот извештај, пренесува „Дејли меил“. Таа тврди дека информациите што ги собрала пред да избега од земјата биле избришани од владините бази на податоци и дека на нејзините колеги им било наредено да „шират гласини за неа“.

-Тие ги избришаа сите мои податоци, и исто така им рекоа на луѓето да шират гласини за мене, дека сум лажго, дека не знам ништо . Тие ќе се обидат да ги контролираат моето семејство и пријателите, рече таа.

Ли Менг Јан работела на престижниот универзитет Хонг Конг, еден од водечките светски центри за истражување на заразни болести и клучен дел од глобалната епидемиолошка мрежа на Светската здравствена организација (СЗО). Ли Менг вели дека таа била една од првите научници кои го проучувале вирусот на корона и тврди дека на крајот на декември 2019 година од нејзиниот супервизор на универзитетот било побарано да испита чудна група случаи слични на САРС, кои се појавиле во Кина. Преку нејзините медицински и научни контакти, таа тврди дека налетала на прикривање од „епски размери“, но нејзините докази за пренесување од човек на човек и тврдењата дека Пекинг намерно ги искривувал деталите за потеклото на вирусот, едноставно биле игнорирани. Како што се зголемувал бројот на жртви, таа сметала дека таа има морална и научна должност да ја вознемири јавноста, а после тоа побегнала во Америка од страв за својот живот.

-Јас бев доктор по медицина. Работев со еден куп врвни светски експерти и откако дипломирав во Кина, ми беше доделена тајна истрага за новата пневмонија во Вухан. Пријавив сè што открив на моите претпоставени, но бидејќи никој не реагираше, не можев да молчам, иако се плашев од кинеската влада – рече таа.

Како што вели, таа не била единствената медицинска работничка која сакала да и ја претстави на јавноста вистината за вирусот корона. Осум лекари беа уапсени на 23 јануари поради предупредување за вирусот корона, што го споделија на социјалните мрежи, наведувајќи дека „шират невистини“. Еден од свиркачите, д-р Ли Венлианг почина на 7 февруари. Кинеските власти ја нападнаа нејзината репутација, дискредитирајќи ги нејзините тврдења. Како дел од тоа, Универзитетот во Хонг Конг издаде соопштение во кое се наведува дека нејзината изјава нема никаква врска со клучните факти.

Од лабараторијата наведуваат дека Д-р Јан никогаш не спроведе истражување за пренесување на вирусот од човек на човек во периодот од декември 2019 година до јануари 2020 година. Би сакале да посочиме дека д-р Јан можеби претерала со фактите што немаат научна основа и дека станува збор за обични гласини, се наведува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега