Кели Роланд ја покажа својата дива страна во фустан со гепард-принт
Сите погледи беа вперени во Кели Роланд на церемонијата на доделување на Американските музички награди за 2022 година, што се одржаа во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес во неделата.
Ѕвездата која се прослави со женскиот бенд „Дестини’с чајлд“ воодушеви во спектакуларен фустан со гепард-принт и преден шлиц што дава поглед на нејзината затегната нога.
Музичарката (41) ја дополни блескавата креација со долги кожени ракавици и црни лакирани чевли.
Пејачката го прави својот изглед гламурозен со зачадена сенка за очи и големи трепки.
22.11.2022 - 23:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа