Казнети 53 возачи во Скопје, од нив 15 немале возачка

Во акциските контроли во областа на сообраќајот само на територијата на Град Скопје вчера се изречени вкупно 153 мерки, соопштија од МВР.

Како што се наведува во соопштението, од нив 16 се санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и  зпелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

02.02.2024 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега