Казнети 132 возачи во Скопје, 97 за брзо возење

 

Во рамки на контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 132 мерки. Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 97 мерки, 12 за возење без возачка дозвола, две за минување на црвено светло, три мерки за користење мобилен телефон при возење.

Како што најавуваат од МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

09.01.2024 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега