Католичката црква во Полска во центарот на скандал: Група свештеници организирале „секс забава“ со машка проститутка

 

 

Католичката црква во Полска се најде во центарот на скандал откако група свештеници организирале „секс забава“ на која машка проститутка била онесвестена. Најпрвин свештениците повикале брза помош, но подоцна не сакале да ги пуштат болничарите во зградата во сопственост на црквата. Потоа тоа била повикана полиција, а целиот случај завршил во медиумите.

Претходната недела, „Gazeta Wyborcza“ објави дека свештениците во Даброва Горница, град во јужна Полска, организирале забава во зграда која припаѓа на парохијата на која била поканета машка проститутка.

„Инцидентот беше чисто сексуален по природа“, изјави за весникот неименуван извор запознаен со инцидентот. „Учесниците на настанот земаа лекови за зголемување на потенцијата“, каќал тој, пренесува медиумот.

„Gazeta Wyborcza“ објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, што предизвикало итен повик. Кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот кој паднал во несвест.

Портпаролот на локалното обвинителство за „Gazeta Wyborcza“ изјави дека е започната истрага за можното неукажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор.

Како одговор на прашањата на весниците, локалната католичка курија потврди дека имало инцидент со „интервенција на службите за итни случаи и полицијата во зграда што и припаѓа на парохијата“. Се вели дека бискупот назначил комисија итно да објасни што се случило.

Од таму во следното соопштение имаат објавено дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите изнесени од некои медиуми“.

Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога некој ги запали вратите на базиликата во парохијата каде што се случи наводниот инцидент. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен дека го подметнал пожарот, пренесува медиумот.

Претходниот петок, беше објавено дека свештеникот во чиј стан се случил наводниот инцидент е отстранет од сите црковни должности „до разјаснување на случајот“.

Во меѓувреме, неделниот католички магазин „Niedziela“ објави дека ја прекина соработката со Томаш З., кој претходно беше главен уредник на локалното издание „ Sosnowiec“.

Минатата недела во сите цркви во епархијата беше прочитано писмо од епископот Гжегож Кашак. Тој се осврна на „болните настани во Даброва Горница“ и вклучените „засрамени свештеници“, но без да спомене никакви детали за тоа што се случило.

@Им се извинувам на сите што беа погодени и тажни, па дури и понижени од оваа ситуација“, напиша бискупот. „Би сакал цврсто да нагласам дека нема согласност за морално зло. Секој што ќе биде прогласен за виновен ќе биде казнет според канонското право, без оглед на пресудата на граѓанскиот суд“, вели тој.

02.10.2023 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега