Катастрофални последици од рекордните горештини: Поради топлотниот бран за пет отсто порасната смртноста во Холандија

 

Во вториот квартал од 2023 година, во Холандија починале повеќе од 39.000 луѓе, што е за 1.900 или пет отсто повеќе од просекот за тој период, претходно.

Во текот на трите недели од јуни, имаше зголемена смртност кај лицата кои се на долготрајна нега и постарите граѓани, објави „NL Times“.

Тоа се совпадна со топлотниот бран во земјата, објави холандската статистика.

Јуни 2023 година беше најтоплиот месец од почетокот на температурните рекорди во Холандија во 1901 година.

Во вториот триместар неделно умирале околу 150 луѓе повеќе од просекот.

Поголемиот број на смртни случаи во вториот квартал делумно може да се припише на епидемијата на грип во Холандија во април, како и на Ковид-19, кој сè уште циркулира во земјата.

14.07.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега