Катастрофални последици од експлозијата во Москва: Едно лице почина, има 50 повредени и 12 исчезнати

 

По експлозијата во магацинот на пиротехничка опрема во Сергиев Посад кај Москва, 12 лица се водат како исчезнати, изјави Олга Врадиј од Централниот комитет на Московскиот регион.

„Во моментов се утврдува судбината на 12 лица кои се сметаат за исчезнати. Едно лице загина, а повеќе од 50 луѓе се повредени во огромната експлозија што се случи вчера во објектот на оптичко-механичката фабрика Загорск. Во болница се хоспитализирани 23 лица, од кои пет се во тешка состојба“, изјави таа за агенцијата „РИА“.

Во експлозијата е уништен хангар со површина од 1.600 метри квадратни, кој бил закупен од приватна компанија на земјиштето на фабриката, а од силината на експлозијата пукнале стаклата на неколку куќи во близина на фабриката.

10.08.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега