Карта на голема Албанија може, знаме со сонце од Кутлеш никако, за тоа се оди на суд
Во Македонија можете слободно да ја објавувате мапата на Голема Албанија и покрај тоа што на неа има делови од денешната територија на Република Македонија, но ако случајно се решите да го развеете сонцето од Кутелш, е тогаш подгответе се да си имате работа со судовите.
Премиерот Ковачевски денеска се обиде да ја релативизира претставата на Ахмети во музејот на УЧК во кумановско Сопот па рече дека секоја држава на Балканот си имала своја карта, а плус, оваа била и стара карта и тоа стара едно 140 години.
За волја на вистината, картата можеби е стара, но сонцето од Кутлеш е уште постаро, па на пример адвокатот Тони Менкиновски одговара пред судот затоа што го развеал ова знаме на портите на тврдината во Охрид, а во слична ситуација се најде и еден навивач на Вардар кој на една прослава во Скопје исто така го вееше ова знаме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа