„Карцином на дојка“ - Предавање на Медицинскиот факултет во Скопје
Во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи предавање „Карцином на дојка“.
На отворање на настанот поздравен говор ќе има Милица Кузманоска потпретседател и менаџер за комуникации ХЕМА-ОНКО, а воведно обраќање од д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, медицински директор, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија, која ќе говори за рана дијагноза и важноста на скринингот за карцином на дојка.
Д-р Соња Николова, директорка на Институтот за радиологија, пак ќе се обрати на тема современи хируршки пристапи во третманот на карциномот на дојка, а д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, медицински директор, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија ќе зборува за радиотерапија и онколошки третмани – и што за нив треба да се знае.
На настанот ќе се обратат и д-р Валентина Бојовска Трајановска, специјалист по онкологија
која ќе говори за торакална и васкуларна хирургија во третманот на карциномот на дојка, како и д-р Игор Џиковски, директор на ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија на тема лично искуство и поддршка за пациентите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа