Календар на МПЦ: Денеска е Св. пророк Самуил

2 септември 2023. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 август.

Денеска е Св. пророк Самуил.

Свети пророк Самуил живееше околу 1100 години пред Христа. Беше родум од местото Рамат, или Ариметеја, и беше дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немаше пород.

На три години таа го посвети Самуила на Бога и тој живееше и растеше со телото и духот во Силоам, крај ковчегот на заветот.

Тој е последниот од редот на судиите во Израилот. Тој го помаза и првиот цар на Израилот Саул, а после Самуловото отпаѓање и прекрасниот и славен Давид.

Беше омилен меѓу Израилот и многумина искрено ја исплакаа неговата смрт.

02.09.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега