Како „паднаа“ скопските дилери, меѓу кои и наставничката во основно училиште? (ФОТО + ВИДЕО)

 

Јавното обвинителство поднесе обвинение против тројца дилери кои беа приведени кон крајот на минатата година во скопско Катланово. Ова обвинение е дел од голема акција на Јавното обвинителство и полицијата во која „паднаа“ вкупно 13 дилери, а пронајдени беа 14 килограми амфетамин, над 1 килограм кокаин, 23 килограми марихуана, 3 000 таблети екстази и МДМА. Вредноста на дрогата, според МВР е околу половина милион евра.

Дилерите биле следени преку Посебни истражни мерки, а првата наредба за користење на ПИ мерките била донесена на 4 ноември минатата година. Истражните органи ги следеле и снимале телефоните на дилерите, но и тајно ги следеле и снимале каде се движат и што прават, а агенти се инфилтрирале и симулирале откуп на дроги.

51 ден подоцна истражните органи ја спроведуваат првата акција во атарот на селото Катланово. Тогаш полицијата приведе пет луѓе, четворица дилери и еден нивен помагач. За прибирање црвсти докази, во акцијата бил инфилтиран службеник со прикриен идентитет и извршил откуп на 7 килограми амфетамин за 15.000 евра. Амфетаминот бил запленет, а денеска Обвинителството поднесе обвинение против тројца од нив, додека за еден постапката е се уште во тек. Со еден од осомничените, кај кого полицијата пронашла помала количина на дрога е склучена спогодба.

ПИ мерките истражните органи во овој случај ги користеле како основ за нов предмет, кој ќе резултира со нова акција со цел откривање на потеклото на амфетаминот.

Еден месец подоцна, на 25 јануари донесена е нова наредба за употреба на ПИ мерките. Посебните истражни мерки тогаш резултираат со две апсења во два дена. Најпрво на 4 февруари, полицијата нашла дрога во продавница за домашни милиеници и приведува еден од дилерите. Следниот ден, пронајдена е марихуана во автомобил. Станува збор за над половина килограм, и притоа уапсено е едно лица.

Овие апсења се дел од втората акција која полицијата ја спроведуваше во Скопје во текот на десетина дена. Извршени беа претреси на седум локации. Кога полицијата влегла во еден од становите, открила податоци за друг стан кадешто била пронајдена лабораторија за производство на амфетамин. Во овој стан, полицијата запленува поголемо количество дрога, автоматски пушка, куршуми, повеќе дигитални ваги и опрема за производство на амфетамин. Меѓутоа, пронајдени се и тефтери и тетратки во кои се вршело евиденција за должници, односно луѓе кои купувале дрога. Во оваа акција приведени се петмина и против нив е поведена истрага.

Како дел од оваа акција приведена беше и наставничка во ОУ „Александар Македонски“ во скопско Ново Лисиче. И таа била опфатена со ПИ мерките и подолг период била следена.

Обвинителството оформило вкупно три предмети.

На 1 март приведено е и последниот дилер. Во неговиот автомобил бил пронајден кокаин.

25.03.2023 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа