Кадиров: Наредив да се најдат напаѓачите на рускaта новинарка и адвокатот

 

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, го коментираше бруталниот напад врз новинарката на руската „Новаја Газета“, Јелена Милашина и адвокатот Александар Немов.

Новинарката и адвокатот биле физички нападнати од неколку маскирани лица додека патувале од аеродромот кон главниот град на регионот Грозни. Парот сега е во болница во Грозни.

Напаѓачите и ја избричиле главата на Милашина, и скршиле неколку прсти и и’ ја полеале главата со зелена боја, соопшти организацијата за човекови права Меморијал.

„Двајцата требаше да известуваат за пресудата на Зарема Мусаева, Чеченка обвинета за напад на полицаец. Тие беа брутално удирани со клоци, вклучително и во лицето, им се закануваа со смрт, им држаа пиштол на глава, им ја одзедоа опремата и ја искршија“, објави Меморијал на Телеграм. Се зборува дека биле нападнати поради нивната работа.

„Ќе го истражиме тоа. Им наредив на надлежните служби да вложат максимални напори за да ги идентификуваат напаѓачите. Агенциите почнаа со работа веднаш по известувањето за инцидентот“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

05.07.2023 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега