Ју-ес опен му ја затвори вратата на Ѓоковиќ

 

 

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ како сега стојат работите нема да учествува на претстојниот Ју-ес опен.

И покрај тоа што се уште тој официјално не се повлече, ниту Ју-ес опан го отстрани од списокот, организаторите најавија дека ќе ги почитуваат сите протоколи за ковид на државата Њујорк, што значи дека странските државјани кои влегуваат САД мора да бидат вакцинирани.

Ѓоковиќ не е вакциниран што значи дека нема да учествува на последниот грен слем во сезоната.

Српскиот тенисер се подготвува иако е свесен дека шансите да се појави на терените во Њујорк се мизерни, дури и непостоечки.

Соединетите држави ги олабавија здравствените мерки, но не толку за да им дозволат на странските патници без имунизација да влезат во земјата.

„Протоколите за здравјето и безбедноста на играчите поврзани со вирусот Ковид-19 (вклучувајќи какви било барања за вакцинација и/или тестирање) се оценуваат и ќе бидат објавени подоцна, земајќи ги предвид упатствата на здравствените власти, државата Њујорк и градот Њујорк и Владата“, стои во соопштението од Ју-ес опен.

22.08.2022 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега