ЈСП Скопје доби субвенции од Градот, автобусите ќе сообраќаат нормално

 

После неколкучасовна дебата Советот на Град Скопје ја изгласа одлуката за доделување субвенции на ЈСП Скопје за оваа година. Како што рече претседавачот со Советот, Трајко Славески, 24 советници гласале „за“, двајца гласале „против“ и немало воздржани.

-Одлуката доби мнозинство и нема потреба сега да правиме паради, кажа Славески откако еден од советниците побара поединечно броење на гласовите во Советот.

Оваа денешна седница беше вонредна и на иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска. Дел од советниците реагираа за тоа дека во ЈСП постојано се влеваат пари на граѓаните, а резултати нема.

Дел од медиумите претходните денови пишуваа дека доколку не се изгласаат субвенциите од 110 милиони денари, може да дојде до колапс на целиот јавен превоз. Со ова, парите ќе им бидат префрлени на ЈСП Скопје и вработените во јавниот превоз ќе добијат плата.

14.11.2023 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега