Јовановски: Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир

СДСМ како одговорна партија  на локално и на централно ниво, постојано во континуитет работи на реконструкција и санација, како и на изградба на нова, модерна инфраструктура, рече денеска на прес конференција Милисав Јовановски, советник во Советот на општина Чаир.

„На територијата на  општина Чаир, во моментов се работи на реконструкција на улицата Џон Кенеди,   екипи на Град Скопје интензивно си ја вршат својата работа, вршат реконструкција на оваа значајна сообраќајница како за територијата на општина Чаир така и за градот Скопје, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Работите се одвиваат со полн интензитет на отстранување на рабниците  кои се веќе оштетени, ќе се прави нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од некаде  1.200 метри.

Како финална работа ќе бидат направени велосипедски патеки во редот на веќе постојните на улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина. Ова ќе биде 5-та таква сообраќајница на која граѓаните ќе можат да користат велосипедска патека за побезбедно движење со своите велосипеди.

Град Скопје предводен од СДСМ, односно градските власти предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и понатаму ќе бидат целосно фокусирани за унапредување и подобро овозможување на користење на нова и модерна инфраструктурата на територијата на општина Чаир. Тоа ќе се реализира со нови проекти кои ќе бидат од интерес за сите граѓани“ рече Милисав Јовановски, советник во Советот на општина Чаир.

Тој наведе дека СДСМ и понатаму плански инвестира во иднината на граѓаните на град Скопје и во целост во државата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега