ЈО со детали: Почнавме да ги анализираме доказите, вршиме и распити на лица

 

Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали, соопштија од ЈО.

„Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија“, стои во соопштението на обвинителството испратено до медиумите.

06.09.2023 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега