ЈО: Ќе се проверува крв и урина на возачите во сообраќајката на излезот од Битола
Во врска со сообраќајната несреќа кај Битола, јавен обвинител од ОЈО Битола изврши увид на лице место заедно со вешто лице, штотуку соопшти обвинителството.
„Издадени се наредби за прибирање на траги од лице место и проверка на крв и урина на возачите.
Се постапува за расчистување на причините за несреќата“, информираат од ЈО.
За потсетување од СВР Битола официјално излегоа со соопштение до јавноста за тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар. Според официјалните информации, се судри комбе товарено со 18 работници од битолска фабрика и патничко возило „пежо“.
Битолчанецот К.К. (42), совозачот на патничкото возило пежо, го загуби животот, а 20 лица се со телесни повреди во сообраќајната несреќа.
Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.
-Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, информираа од СВР Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа