Јанушев: По барање на ВМРО- ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците

По барање на ВМРО- ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците, се со цел да се отстранат сите можности за било какви неправилности во однос на резултатите од избориве, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев преку социјалната мрежа Фејсбук.

-Имаме сознанија дека бројките од резултатите внесени во системот на ДИК не соодветствуваат со точните бројки внесени во официјалните записници. Бидејќи официјални првични резултати нема, а и страната на ДИК не е достапна, правиме преглед на записниците од гласањето во нашиот Републички изборен штаб. За секој обид за нарушување на правдата и секоја правна нерегуларност ќе има одговорност, напиша тој на Фејсбук пред објавувањето на резултатите од страна на ДИК.

Вели дека е очигледно дека власта на Заев не се откажува и покрај загубената доверба од народот.

- Тие сакаат да ја украдат волјата на народот, но ние ќе се бориме за правда, за народната волја и слобода. Во моментов сите опции се отворени, и по завршувањето на пребројување ќе ги соопштиме нашите следни чекори, пишува Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега