Јанкулоска од денеска е на слобода

 

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. По три години и еден месец, таа е на слобода, и е заедно со семејството. Од денеска, Јанкулоска затворската ќелија ќе ја замени со домашна атмосфера. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација. Нема да се врати зад решетки ако до идниот октомври не направи ново кривично дело.
Јанкулоска според пресудата издржуваше казна за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот - министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

01.11.2023 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега