Ја претепал жената со која бил во љубовна врска
Вчера околу 13 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.З(20) и Ф.З.(24) од тетовска Мала Речица.
Тие претходно биле пријавени од 40-годишна жена од тетовско, со која Џ.З. подолго време бил во љубовна врска, дека околу 2 часот и 30 минути во станот во кој престојувала во Тетово, Џ.З. физички ја нападнал.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што на инволвираните ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
05.02.2024 - 12:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа