Извршени претреси на три локации и задржани лица во случајот Онкологија
До овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствија.
Полициски екипи утрото влегле на клиниката за Онкологија во Скопје каде се вршеа претреси кај осум лица опфатени со истрагата за случајот „Онкологија“ по наредба на јавното обвинителство.
Сцена како од филм се одигрувала на Клиниката за Онкологија каде утрово бил приведен поранешниот директор. Според информации од очевидци, полицијата ја пребарувала болницата за да го приведе екс директорот. Потрагата на траела долго но полициските службеници проверувале од канцеларија во канцеларија пред да го приведат. Кога го нашле, му објасниле дека ќе биде лишен од слобода. Очевидци велат дека тој со лисици на рацете бил изваден од Клиниката. Покрај него, приведени се уште две лица.
Сите се сомничат за скандалот на Онкологија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа