Израелските војници добија порака од министерот: „Наскоро ќе ја видите Газа одвнатре“

„Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им рекол на војниците на границата со Газа дека наскоро ќе ја видат Газа „од внатре“, соопштија од неговиот кабинет, што изгледа како најава дека се приближува копнена офанзива.

„Сега ја гледате Газа од далечина, наскоро ќе ја видите и одвнатре. Наредбата ќе дојде“, рече Галант.

Десетици илјади војници долж границата

Израел нареди повеќе од милион Палестинци да се евакуираат на југ пред очекуваниот копнен напад. Израелската армија во текот на викендот објави дека е подготвена за „значајна“ операција по копно, море и воздух, но не прецизираше кога ќе започне офанзивата.

Десетици илјади војници се собраа долж границата откако милитантите на Хамас извршија смртоносен напад на 7 октомври. Израелците одговорија со контранапад, односно жестоки воздушни напади врз Појасот Газа. „Њујорк тајмс“ пред неколку дена објави дека Израелците планирале да извршат копнен напад изминатиот викенд, но доцнеле поради лошите временски услови.

19.10.2023 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега