Израелскиот тим за преговори ја напушти Доха- го обвинуваат Хамас за неуспехот

 

Израел ги отповика своите преговарачи од Доха откако разговорите за привремено примирје во Појасот Газа „западнаа“ во ќорсокак поради барањата на Хамас, изјави денеска за Ројтерс неименуван висок израелски функционер близок до шефот на Мосад.

Официјалниот претставник го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар за „саботирачка дипломатија“ како дел од, како што рече, пошироките напори да се разгори војната за време на Рамазан.

Израелски официјален претставник изјави дека Израел се согласил да го удвои бројот на Палестинци што ќе ги ослободи од израелските затвори на 700 до 800 во замена за ослободување на заложниците и да дозволи некои раселени Палестинци да се вратат во северниот дел на Појасот Газа.

Израел и Хамас ги засилија разговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за ослободување на 40 од 130-те заложници.

Хамас побара договорот да стави крај на борбите и повлекување на израелските сили, како и враќање на раселените Палестинци на северот од Појасот Газа.

Тоа денеска го соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Хамас постави „илузорни“ барања, кои според него покажаа дека Палестинците не се заинтересирани за договор.

Хамас го обвини Израел за застој во преговорите додека ја извршуваат својата воена офанзива.

Израел вчера објави дека ќе ја продолжи воената операција за уништување на Хамас.

26.03.2024 - 23:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега