Израелски министер го повика Хамас да го предаде оружјето

 

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денеска ги повика борците на Хамас да го предадат оружјето и да ја напуштат Газа.

„Денеска на состанокот на владата ќе побарам прифаќање на планот на американскиот претседател Доналд Трамп. Сите заложници веднаш да бидат ослободени и Хамас да ја напушти Газа и да го предаде оружјето“, рече Смотрич.

Тој додаде дека Израел ќе ги отвори „портите на пеколот“ за Хамас доколку го одбие предлогот. 

17.02.2025 - 21:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега