Израелската армија објави видео: Уништивме 130 тунели на Хамас

Израелската војска соопшти дека уништила 130 тунели на Хамас од почетокот на копнените операции во Појасот Газа. Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), објави видео од уништувањето на тунелот.

„Со проширување на копнената операција во Појасот Газа, борците ја оневозможуваат терористичката инфраструктура на Хамас. Работиме на откривање и уништување на тунелите на терористичката организација, а од почетокот на конфликтот уништени се 130 тунели“,  напиша тој.

Хагари додава дека, судејќи според снабдувањето со вода и кислород, Хамас имал намера да остане во тунелите долго време.

 

 
08.11.2023 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега