Изминатото деноноќие „рекорден“ број на повици во ЦУК, невремето остави големи штети

 

Во изминатото деноноќие, „рекорд“ годинава од вкупно 2 778 повици на 112 во ЦУК, најмногу заради невремето, за разлика од претходното деноноќие кога имаше „само“ 2 388 повици, имаше и две спасителни акции, а медиумите многу брзо и пред време ги соопштуваа предупредувањата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало зголемен број повици, што резултирал, за жал, со „рекорд“ од вкупно 2 778 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие.

Од нив „реални“ повици биле 57,16%, а 42,84% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 34,48%, кон Итната медицинска помош 15,27%, а кон пожарникарите 2,63%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 076 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (47,62%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (42,84%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Вчера имаше појава на невреме со поројни врнежи од дожд, силен ветар, молњи и на места и врнежи од град, согласно правовремената најава од УХМР и објавувањето на медиумите за внимателност, што предизвика штети во Скопско, Кумановско, Кривопаланечко Велешко, Кавадаречко, голема нестабилност во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово и во други делови од државата.

Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, се добиени зголемен пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, како и за скршени гранки, скинати проводници, за навалени бандери и за други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, за проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, за оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето. Сите повици за итни случаиза поединечни или комбинирани интервенции се транферирани, преку Секторот за операции и координација на ЦУК, до надлежните институции и служби во Системот а управување со кризи (СУК).
Регионалниот ЦУК Скопје известува, дека како резултат од поројните дождови и силен ветар што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, на 112 во ЦУК, се добиени многу известувања и пријави за штети и за итни случаи. Најголем број од пријавите се однесуваа особено за населбите „Волково“ и „Даме Груев“ (Општина Ѓорче Петров), како и во населбата „Шуто Оризари“ (Општина Шуто Оризари), додека имаше пријави и за во општините Аеродром, Карпош, Чаир, Гази Баба, а и во другите скопски општини, односно населби.

Сите овие пријави од РЦУК Скопје се веднаш итно трансферирани соодветно според итните случаи до Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, МВР СВР Скопје, ЕВН Македонија, јавните претпријатија на Град Скопје како и Единиците за итно решавање на настантите ризици и опасности.

РЦУК – Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес, во која се наведува дека испумпувале вода во подрумски простории во „Македонска пошта“ во Велес.

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека од ТППЕ Куманово, интервенирала на испумпување вода од подрумски простории на 6 куќи: на ул. „Никола Вапцаров“, 1 куќа во нас. „Карпош“, 1 куќа во нас. „Перо Чичо“ и подрумски дел на зграда на ул.„11ти Октомври“. Интервенирано е со пумпи за испумпување на вода со 3 ПП возила и 10 пожарникари. ЈП „Водовод“ – Куманово, во текот на денот имале интервенции за итни случаи на делови од атмосферска канализација низ улиците во Куманово.

Во Општина Крива Паланка, од поројните врнежи од дожд кои беа во последните две деноноќија, ТППЕ Крива Паланка, од 08:00 до 12:00 часот, вршела испумпување вода од простории на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка. Биле поплавени подрумски простории на ул.Свети Јоаким Осоговски бр.146, каде водата сама се повлекла. Имало отсечен пат во с.Станци, на кој се работи на расчистување на истиот. Имало зголемен доток на вода од „Куков Дол“ кон населбата „Бегови Бавчи но по јавување и координација од 112 во ЦУК е брзо интервенирано од ЕЛС Крива Паланка и истото е санирано во ноќта. ТППЕ Ранковце, од 10:00 до 11:00 часот, со 2 пожарникари интервенирале поради падната врба на локален пат во с.Псача.

РЦУК – Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Тетово, во која се наведува дека во текот на денот интервенирале на места каде сеуште имало потреба по невремето со пороен дожд.

Вчера попладне, а потоа и доцна навечер имаше спасувачи акции координирани преку екторот 112 и Секторот за операции и координација во ЦУК.
Регионалниот ЦУК Охрид, во близина на хотел „Десарет„ Охридско, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди. Екипата од ТППЕ Охрид со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале, во координација со Итната медицинска помош и Полиција, така што лицето од местото на настанот е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на Итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман.

Регионалниот ЦУК Велес известува дека сношти, на 112 во ЦУК беше добиена информација за камион кој заглавил со предните две тркала кај ресторан „Јавор“, месност „Камен Дол“, на патот помеѓу Росоман и Прилеп. Известени се ТППЕ Кавадарци, кои интервенирале со 3 пожарникари и 2 ПП возила и камионот е извлечен по 22:00 часот.

Четири пожари вкупно имало на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгасени во општините: Босилово, кај с.Еднокуќево ( горела депонија, стрниште и сува трева); Валандово, помеѓу селата Пирава и Јосифово (сува трева); Велес, кај Раштани, на месноста „Гробот“ (сува трева) и во Општина Кавадарци, на месноста „Танкото патче“ во Кавадарци (каде што горела сува трева).

Граѓаните се уште треба да бидат внимателни заради можно невреме. Од УХМР известија во ЦУК дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Инаку, за време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ЦУК изразува благодарност до медиумите за брзото пренесување на предупредувањата, како и за превентивните работи, а секако и за сите итни ситуации во нашата држава и за континуираната соработка во интерес на безбедноста и посигурното живеење на граѓаните, во случајот – од аспект на кризните и итни ситуации со коишто се справуваме заедно во општеството, секојдневно.

28.06.2024 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега