Измените на Кривичниот законик од денес стапуваат во сила

 

 

Измените на Кривичниот законик од денес стапуваат во сила.

Измените се однесуваат на 38 члена за кои власта рече дека 35 се за усогласување со директивите на ЕУ, а Европската комисија е загрижена за нив.

Ова значи дека од денес ќе има помали казни за двете кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластувањето, како и злосторничко здружување. Притоа се воведува граница на максимална казна, а се укина и еден став од делото злоупотреба на службената положба и овластувањето. Сето ова, пак, носи и побрзо застарување на делата.

Стапувањето во сила на овие измени ќе значи и дека застаруваат дела во предмети на СЈО, како „Таргет – Тврдина“, „Тендери“, „Титаник“, ТНТ, „Талир“, „Траекторија“. Во сите предмети ефектирани од измените се опфатени над 80 лица.

Во најмалку 14 судски процеси познати во јавноста, каде што на обвинителна клупа седат поранешни функционери, ќе настапи застареност на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Речиси сите судски случаи се предмети што ги отвори сега расформираното специјално јавно обвинителство (СЈО), а во нив се опфатени над 80 лица.

14.09.2023 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега