Измамена жена: Продала телефон, добила фалсификат пари

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување пари“ и „измама“.

На 20.05.2021 во Скопје, пријавениот се сретнал со 58-годишна жена и по претходен договор од неа купил мобилен телефон за 430 евра.

Притоа, тој и дал четири банкноти од по 100 евра и една банкнота од 2000 денари. Таа ги однела банкнотите да ги провери во менувачница, каде што и било кажано дека девизите се фалсификат.

19.10.2023 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега