Измамен човек кој платил осум илјади евра за документи и работа во европска земја
Маж од Гостивар пријавил измама откако лице со кое комуницирал електронски му ветувало документи за престој и работа во европска земја, а за услугата му побарало и добило 8.000 евра.
Имено според полицијата дваесет и осумгодишниот Џ.Ќ. од гостиварско село, вчера во 15 часот во СВР Тетово пријавил дека едно лице со кое електронски комуницирал и кое му се претставило дека е од Гостивар му ветило дека нему и на уште две други лица ќе им обезбеди документи за престој и работа во европска земја и дека за таа услуга му побарало и добило 8.000 евра.
Но, по извесно време услугата не била извршена и тој сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се расчистува случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа