Изгубил контрола и удрил во бетонска ограда и паркиран автомобил, две лица завршија во болницата во Велес

 

Вчера во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на патот Свети Николе – с.Горобинци, светиниколско, С.С.(70) од с.Иванковци, велешко, управувајќи патничко возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска ограда и во паркирано патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од С.Г.(61) од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С, додека со телесни поврди се здобил сопатникот С.С.(52) одс.Иванковци, констатирани во болницата во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

19.06.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега