Изгоре автобус кај Крушевац, патниците успеале навреме да излезат од возилото

 

Автобусот на компанијата „Југопревоз“ кој сообраќа во приградски сообраќај денеска, околу 15 часот, целосно изгоре во близина на селото Мајдево кај Крушевац.

Станува збор за приградски автобус, а сите патници и возачот успеале безбедно да излезат од автобусот пред да се претвори во вистински пожар.

Пожарникарите излегле на терен и успеале да го изгаснат пожарот, но автобусот бил целосно уништен.

Причината за пожарот не е позната.

20.06.2023 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега