Издржете уште денеска: За викендот доаѓа супер топло време со температури околу 30 степени

Облачното време кое ќе ни се задржи некаде до стартот на викендот ќе биде заменето од многу сонце и температури кои во некои делови на Македонија ќе надминат и 30 степени.
Веќе од петок ќе имаме дневни температури кои се очекува да бидат околу 25 степени. Најтопло се очекува да биде во недела и понеделник кога и се очекуваат максималните 30 степени.
Кон средината на идната недела не очекува ново наоблачување и повторно врнежи од дожд но и температури кои ќе бидат прилично високи односно околу 20 степени.

 

26.03.2024 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега