Избувнал пожар во куќа во Скопје, зафатени уште три други куќи, две лица повредени


Вчера околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош.

Во пожарот, исто така, со повреди се здобил и Ѓ.Д. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

15.04.2024 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега