Италијанската полиција пронајде 2,7 тони кокаин во банани, вреден 800 милиони евра

 

Полицијата во јужна Италија соопшти дека запленила 2.700 килограми кокаин, скриен во два контејнери во фрижидер со банани кои биле испратени од Еквадор.

Кокаинот пронајден во калабриското пристаниште Џоја Тауро бил вредел повеќе од 800 милиони евра, се наведува во соопштението на италијанската полиција.Пратката пристигнала од Гвајакил, Еквадор, а крајната дестинација била Ерменија, преку црноморското пристаниште Батуми, Грузија. Дрогата била откриена во контејнери од 12 метри благодарение на специјални скенери, со помош на кучето трагач Џоел, додава полицијата.

16.05.2023 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега