Италијанците чекаат „зелено светло“ за враќање на навивачите на трибините

Заедно со Шпанија и Франција, Италија беше една од земјите најмногу погодена од пандемијата на коронавирус. Сепак, ситуацијата на Апенините е значително подобрена во однос на претходниот период, па фудбалот би можел да го дочека враќањето на навивачите на стадионите.

Топката се тркала низ Италија, но логично, пред празни трибини. Тоа наскоро би можело да се промени откако од Серија „А“ објавија дека се надеваат дека ќе добијат „зеленото светло“ за делумно враќање на навивачите пред крајот на сезоната.

Споменатиот предлог беше усвоен на состанокот на клубовите на италијанската фудбалска лига во понеделник и ќе биде испратен до Фудбалската федерација на Италија, пренесува Бета.

– Потврдена е потребата за делумно отворање на стадиони, во согласност со безбедносните мерки. Во овој поглед, се финализира детален протокол, кој ќе биде испратен до Претседателот на Алијансата, кој ќе може да го искористи во преговори со претставниците на Владата. Серија „А“ се надева дека секој клуб ќе добие можност да ги отвори своите стадиони за ограничен број на навивачи во последните неколку кола од оваа сезона, се наведува во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега