Италија: Тројца загинати и илјадници евакуирани од поплавите
Најмалку тројца загинати и илјадници евакуирани е епилогот од поплавите кои ги зафатија северните италијански региони, Емилија-Ромања и Марке. Како што пишуваат италијанските медиуми, регионите на јадранскиот брег претрпеле и голема материјална штета.
Маж што престојувал на приземјето од својата куќа за време на поплавите, се удавил, додека тамшните власти соопштија дека има и лица кои се водат за исчезнати. Градовите Фаенца, Чезена и Форли се најпогодени, соопшти италијанската противпожарна служба.
Пожарникарите ги спасувале луѓето кои останале безпомошни во своите домови покрај водата и возачите заглавени во поплавите. Во Чезена, каде што реката Савио се излеа од коритото, службите за итни случаи спасиле десетици луѓе заробени на покривите од своите домови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа