„Исполнети се условите за употреба на нуклеарно оружје“: се закани Северна Кореја
Северна Кореја соопшти дека се исполнети условите за употреба на нуклеарно оружје.
„Со распоредување на американско стратешко оружје во Јужна Кореја, исполнети се условите на Пјонгјанг за користење нуклеарно оружје“, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана на Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите во регионот, објави државната новинска агенција КЦНА.
Агенцијата наведува дека наводите се однесуваат на американска подморница на нуклеарен погон која пристигна во пристаништето во јужнокорејскиот град Бусан претходно оваа недела.
Во вторникот американски војник без дозвола влегол во Северна Кореја, по што бил приведен од локалните власти. Официјален Пјонгјанг сè уште нема коментар за инцидентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа