Исчезна 19 годишна девојка од Неготино

СВР Велес информира дека исчезната е 19 годишна девојка од Неготино.

Пријавата ја поднела мајката на девојката, М.Д.(42), која вчера во 12 часот се обратила до полициската станица за да ги извести надлежните дека нејзината ќерка идентификувана со иницијалите А.М.(19) излегла од дома, без својот мобилниот телефон.

СВР Велес соопштува дека се преземаат итни мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице.

Полициски службеници се на терен користејќи ги сите расположливи ресурси за да се обезбеди брза и темелна истрага.

Засега во јавноста не е објавена фотографија од исчезнатата девојка.

01.02.2024 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега