Интерпол: Повеќе од 1.700 апсења во операција за борба против шверцот со оружје во Азија
Голем број апсења, повеќе од 600, се извршени во провинциите на границата меѓу Пакистан и Авганистан, се наведува во соопштението на Интерпол, со седиште во Лион.
Операцијата, во која учествуваа десет земји, овозможи да се откријат маршрутите по кои камиони од Авганистан пренесуваат огнено оружје и муниција до Пакистан, се наведува во соопштението.
Борбата против трговијата со оружје во Централна, Јужна и Источна Азија е „комплицирана поради големиот број софистицирани огнени оружја во оптек, порозните граници и регионалните конфликти“.
Интерпол оцени дека трговијата со оружје е профитабилен извор на приход за криминалците од секаков вид.
Во операцијата учествуваа Брунеи, Кина, Индонезија, Кореја, Киргистан, Монголија, Непал, Пакистан, Филипини и Сингапур.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа