Интерпол барал криминалец - "Падна" на Блаце
Полициски службеници на Блаце успеале да уапсат лице за кое била распишана меѓународна потерница.
МВР информира дека на 07 април на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот M.Ф. од Република Албанија. При извршена контрола било констатирано дека за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Белгија.
Тој бил задржан во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
09.04.2025 - 08:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа