Институтот за јавно здравје на нозе: Некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија

 

Вчера на одделот за бактериологија во Институтот за јавно здравје настанал хаос, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори што биле присутни во Институтот. Вклучена е полицијата и информирано е Обвинителството, откако хигиеничарката забележала дека огромната соба со фрижидери во кои се чуваат реагенси за бројни микробиолошки испитувања на заразни и незаразни болести – не работи, односно фрижидерите се исклучени. Кога вработените отишле кај осигурувачите заедно со раководството, забележале дека само тие што се поврзани со фрижидерите во кои се чуваат реагенсите, се спуштени, односно направен е обид да се исклучи целата комора. Само тие осигурувачи со чија помош се контролирала температурата во фрижидерите – биле спуштени. Камери во близина на овој дел од Институтот нема.

Веднаш била повикана крим-полиција и бил известен обвинител. Поради навременото откривање на настанот, спречено е бројни реагенси да пропаднат, односно да бидат неефективни поради незапазување на температурата неопходна за нивно одржување.

Во фрижидерите како што пренесува „Слободен печат“, имало реагенси за голема кашлица, за уринокултура, реагенси кои се употребуваат за испитувања што во Институтот за јавно здравје ги нарачуваат бројни болници за своите пациенти, а се однесуваат на сите заразни и незаразни болести.

01.08.2024 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега