Им фатиле телефони вредни 3 милиони евра - шверцот одел од Дубаи преку Истанбул до Скопје
Телефони во вредност од 3 милиони евра имало во пратката која вчера ја заплени полицијата, јави Алсат повикувајќи се на свои извори.
Според неофицијалните информации, телефоните во земјава стигнале од Дубаи со попатна станица во Истанбул.
Сомневањата се појавиле кога царинската фактура за толку голема пратка изнесувала само 36 илјади денари.
Полицијата првично запрела камион, а потоа при рацијата биле пронајдени и мобилни телефони, чија дестинација допрва ќе се утврдува.
Вчера беше објавено дека пратка со 1.2 тони роба била запрена од полицијата.
13.03.2024 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа