Идната недела можна средба Трамп – Путин

 

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин можат да одржат лидерска средба веќе идната недела, соопшти денеска агенцијата Блумберг.

Според извештајот, САД и Русија најверојатно ќе договорат самит на двајцата лидери за време на средбата во Ријад, каде се одржаа првичните средби на руско-американските дипломати за старт на преговори за крај на војната во Украина, а веќе наредната недела да има лидерска средба, известува изданието без да наведува извори.

-Преговорите меѓу руската и американската делегација во главниот град на Саудиска Арабија „можат да готворат патот“ за средба на двајцата претседатели веќе следната недела, се вели во написот.

Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Руската Федерација, кој присуствуваше на преговорите, изјави дека делегациите ќе разгледаат, меѓу другото, и можност за средба меѓу двајцата претседатели. „Најважно е да започнеме вистинска нормализација на односите меѓу нас и Вашингтон“, истакна тој.

18.02.2025 - 21:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега