И Груби го осуди нападот врз косовската полиција - побара „итно апсење на убијците“

 

Првиот вицепремиер Артан Груби го осуди убиството на припадник на полицијата на северот од Косово и изрази сочувство до семејството на загинатиот и апел за брзо пронаоѓање на сторителите и стабилизирање на ситуацијата.

Груби оцени дека нападот и убиството на косовскиот полицаец е „обид за поттикнување криза и конфликт со последици врз мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион“.

-Планираните дестабилизирачки случувања во северно Косово кон полицијата, државата и регионот се неприфатливи. Најостро го осудувам нападот врз косовските полициски сили во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку, а беа ранети и други во северно Косово. Апелирам на внимателност и зрелост, итно апсење на убијците, стабилизација на ситуацијата, одлучност за враќање на редот и законот и блиска координација со меѓународната заедница. Изразувам искрено сочувство до семејството Буњаку и на ранетите им посакувам брзо закрепнување, соопшти Груби. 

24.09.2023 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега