Храбро момче: Му го „миеле“ мозокот за да го спасат

Брендон е момче кое храбро ја споделува својата приказна на својот инстаграм профил.

Ова храбро момче преживеа 4 операции на отворен мозок.

Исто така докторите требале и да му го „измијат“ мозокот за да може да ги отстранат сите инфекции.

Несреќниот човек се разбудил три дена по инцидентот и немал поим што се случило. Тој се здобил со тешка повреда на мозокот и му бил вграден титаниумски имплант.Последната операција ја имал минатиот септември, но се појавиле компликации.

Се појавил голем оток во окото, а инфекцијата го наполнила черепот со течност.

„Се чувствував како мозокот да ми оди наназад и можев да го слушнам срцето како чука во мојата глава. Се обидов да спијам, но не можев“, изјавиБрендон.

Во меѓувреме, тој претрпел неколку сложени интервенции, од кои последната вклучувала отворање на черепот и „миење“ на мозокот. Завршил со 89 копчиња.

Следната операција е закажана за април годинава.

„Дел од черепот е затворен со титаниумска мрежа до следната операција. Завршив со антибиотиците и сега чекам. Мора да бидат сигурни дека инфекцијата исчезнала пред новата реконструкција“, рече тој.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brandon Alexander (@goforbrandon)

30.01.2024 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега