Хорор во Призрен:Татко си ја избодел својата 21-годишна ќерка

Синоќа, нешто по полноќ, во Призрен е уапсен татко, кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата ќерка (21) и ѝ нанел повреди опасни за животот.

Регионалниот полициски центар во Призрен потврди дека А. Ш. (44) со нож ја нападнал ќерката Е. Ш. по расправија под дејство на алкохол нанесувајќи ѝ повреди на грбот.

Таа е во критична состојба и лекарите во болницата во Призрен се борат за нејзиниот живот.

Случајот е карактеризиран како обид за убиство.

Како што истакнаа, таткото бил во алкохолизирана состојба и по наредба на надлежен обвинител, одредена му е мерка притвор до 48 часа.

14.06.2024 - 18:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега