Хорор во Њујорк: Застрелано двегодишно дете
Двегодишно момче било застрелано и повредено во пукање во областа Бронкс во Њујорк, но е во стабилна состојба, соопшти полицијата.
„Детето е рането денеска околу 13:45 часот, пренесено во Медицинскиот центар Џејкоби и е во стабилна состојба“, соопшти Њујоршката полиција.
Пронајдени се повеќе чаури на улицата, а од пукањето било скршено и стаклото банка од спротива.
„Засега не се знае дали имало вкрстен оган и дали се вмешани повеќе луѓе. Сè уште не знаеме“, рече портпаролот на полицијата.
Полицијата соопшти дека трага по маж на 30-годишна возраст облечен во зелен дуксер со качулка, црна јакна со крзнена јака, светло сини фармерки и веројатно црвени патики.
Осомничениот последен пат бил виден како трча на север на авенијата Кресент, соопштија властите.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, дошол на местото на пукањето и разговарал со истражителите, пишува Њујорк пост.
Очевидци за весникот изјавиле дека имало тројца напаѓачи и дека момчето било погодено со куршум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа