Хорор на швајцарските Алпи: Лавина покоси планинари
Две лица загинаа, а пет се повредени во лавина на планината Ајгер во Швајцарија, соопшти кантоналната полиција во Берн, објавија денес швајцарските медиуми.
Повредените биле префрлени со хеликоптер во болница, објави Swissinfo.
„Еден маж почина на самото место, додека другиот им подлегна на повредите во болница“, соопшти полицијата.
Во времето на лавината, во областа имало осум лица, а снегот затрупал седум од нив.
Во тек е формална идентификација на мртвите, соопшти полицијата.
По инцидентот, кој се случи вчера, беше започната голема спасувачка операција во која беа вклучени алпските спасувачки служби, специјални сили со кучиња обучени за пронаоѓање на затрупаните во лавини, медицински екипи и неколку хеликоптери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа