Хорор на протестите во Белград: Автомобил влета меѓу демонстрантите

 


Тежок инцидент се случи попладнево на протестите во Белград.

На улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград женско лице прегази неколку редари а потоа со своето возило влета меѓу насобраните граѓани.

Полицијата во цивилна облека, која ги придружуваше учесниците на протестот во Нов Белград, ја запре жената, која се обиде да побегне.

Како што јави репортерот на Фонет, девојката е тешко повредена, свесна е и ја лекува екипа на Брза помош.Денеска во Србија има генерален штрајк, кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации… На штрајкот се одѕваа и синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.

24.01.2025 - 16:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега